Од денеска надвор само со маска, за неносење – 20 евра казна

Тктако синоќа Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, од денеска е задолжително носење маски и на отворено на сите лица над 6 години.



Маска не е задолжителна при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);

при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице или лица со кои живее во заедниц;

при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице или лица со кои заедно живеат.

Маска не треба и во случај ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место;

ако лицето е помладо од 6 годишна возраст ;

и ако лицето има специфична здравствена состојба (лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој), поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично.

За непочитување на новите законски обврски ќе се пишува казна од 20 евра за неносење на маска.

Покрај задолжително носењето маска на отворено, задолжителна е самоизолацијата на оние кои чекаат тест за коронавирус и се забранува групирање на јавен простор (паркови, јавни површини или било која површина на отворено) во одредени периоди од деноноќието.

За прекршување на самоизолацијата казната е 50 евра.