Од денеска, 1 ноември, околу 58.000 корисници ќе плаќаат поскапо за парно греење. Регулаторна комисија за енергетика одлучи цената за топлинска енергија за потрошувачите кои се снабдуваа од ЕСМ да се зголеми за 4,51%.
Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски уверува дека до крајот на грејната сезона нема да има нова корекција и покрај данокот на рускиот гас.
Со одлуката за новата цена мора да се вратат и шест милиони евра што Владата ги даде во јануари 2022 година за набавка на природен гас за потребите на парното греење во Скопје.
„Со овие одлуки цената за граѓаните останува во опсег стабилна, а трите компании на ЕСМ за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија се практично приморани што побрзо да го стават во функција топловодот „Беласица“ за системот да работи економично и во целост да ја користи топлинската енергија од ТЕТО.
РКЕ со денешните одлуки, водејќи се од интересот на потрошувачите поставува финансиска рамка и праќа сигнал за максимално економично работење на ќерките фирми на ЕСМ.
Со работата на ТЕТО и функционирањето на топловодот Беласица просечна сметка за топлинска енергија изнесува 1.800 денари, без работа на ТЕТО 2 800 денари, што е разлика во цена од 60 %“ изјави Бислимоски.







