Од денеска до сабота, 13 јануари, во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим.
Причина е официјалната посета на делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.






