Од денеска 0% ДДВ“ за леб, млеко, ориз, месо, јајца…

Министерот за економија Крешник Бектеши преку својот фејсбук профил потсетува дека од денеска данокот на додадена вредност за основните прехранбени производи, во сите маркети, е нул апроценти.



Како што наведува Бектеши, ДДВ е нула отсто за лебот, брашното тип – 400, млекото (со масленост 2, 3,2 и 3,5 проценти), белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и другите кланични производи за јадење, белиот ориз и јајцата.

„Апелираме до граѓаните да си ја побараат својата фискална сметка во маркетите“, наведува Бектеши.