„Одам во Италија на рмбање, во Делчево нема работа, нема живот, невработен сум имам две деца на факултет“, вели еден од граѓаните на Делчево кој вчера заедно со поголема група сограѓани за Италија.
Инфомакс во Делчево сними анкета со граѓаните на импровизирана автобуска станица.
Само вчера од Делчево заминаа 12 автобуси полни со делчевчани кои што не можат да најдат работа во Македонија, па среќата си ја бараат надвор од државава.
„12 автобуси денеска ќе одат. По 60 луѓе и 2 автобуси по 90 луѓе. Оваа компанија и плус две има, нека прорачунаат колку луѓе си заминуваат“, вели гнeн делчевчанец.





