Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Зоран Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните од Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји.
Премиерот Заев денеска имаше телефонски разговор со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ.





