Заменик-претседателот на бугарската Комисија за историски и образовни прашања, Наум Кајчев, очекува досега усвоените препораки да бидат имплементирани и во Македонија и во Бугарија.
Спред него, доколку Скопје не го спроведе тоа што е договорено, тогаш ќе биде активиран механизам со кој ќе се попречи преговарачкиот процес на земјава со ЕУ.
„ Ако не ги спроведат препораките, тогаш тоа значи дека Договорот не е исполнет. Во тој случај ќе следуваат непријатни последици за имплементирање на Договорот, а тоа, пак, си носи други последици“,изјави историчарот Кајчев за БТВ, пренесе Алсат-М.






