Од бизнис“ со тутун заработувал 195.000 евра месечно

Двајца жители на Скопје пријавиле најголеми заработувачка соопшти вчера директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на годишната прес-конференција за оданочените приходи остварени во текот на минатата година.



Едниот пријавил 446 милиони денари годишен доход пред оданочување, или речиси 7,3 милиони евра, а приливите биле од повеќе извори.

Другиот пријавил бруто-плата од 144 милиони денари, односно приближно 2,4 милиони евра, заработени во дејноста трговија на големо со производи од тутун.

Месечната плата му била 12.000.000 денари, што е противвредност на 195 илјади евра.

Десетте највисоки лични примања се на вработени или сопственици на винарии, болници, во областа на компјутерското програмирање и во индустријата на метални производи.