Јавниот долг на земјава за три месеци во периодот од април до јуни, кога ефектите од корона-кризата беа и најголеми рипнал за речиси 1 милијарда евра или за 9 проценти од БДП, покажува извештајот на Министерството за финансии за состојбата на јавниот долг заклучно со јуни.



Министерот за финансии Фатмир Бесими среде презентацијата на ребалансот на буџетот пред матичната Комисија за финансирање и буџет ги корегираше проекциите.

Им кажа на пратениците дека бројките кои ги кажал пред една недела не биле точни.