Од Албанија преку Македонија шверцувале марихуана за Грција

Тројца албански државјани се уапсени вчера кај Ресен во акција на полицијата за спречување меѓународен канал за транспорт на дрога.



Запленети се 65 килограми марихуана во вредност од 200 илјади евра.

Тројца државјани на Албанија се уапсени при обидот од Албанија, низ Македонија, да ја пренесат дрогата во Грција.