Од 50 до 100 лева чини „глас“ за предвремените избори во Бугарија

Цената на еден глас расте и варира од 50 до 100 лева (25-50 евра) во пресрет на третите по ред предвремени парламентарни избори што ќе се одржат во недела во Бугариа.



Но, експоненцијално растат и пријавите до МВР за изборни прекршоци, информира В.Д. министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев на брифинг со новинари посветен на работата на контролните тела неколку дена пред изборите.

Тој уверува дека МВР нема да дозволи незаконски практики да ги валкаат предвремените избори на 2 октомври.