Чешка и Словачка со блокада на заклучоците на ЕУ поради погрешното историско толкување на светите Кирил и Методиј од страна на Софија, пишува професорот Митко Б. Панов од Институтот за национална историја кој дава интересна идеја за прослава на сесловенските просветители кои според него се причината за реакцијата на Прага и Братислава.
Вице Заев тврди дека нема докази за негов рекет – точни 10 % од обвинувањата за него
“Република Македонија од идната година треба заеднички да ги прославува светите Кирил и Методиј со Чешка и Словачка! Од едноставна причина што официјална Софија се дистанцираше од сесловенските просветители со последните промени во историското дефинирање на денот на св. Кирил и Методиј во Бугарија”, пишува Панов.
Официјална Софија пред десетина дена официјално светите сесловенски просветители ги прогласи за бугарски дејци.
Македонските власти премолчено веќе прифатиле дека двајцата просветители се дел од бугарската историја и култура.
Најчитани вести
Малески во атак на македонските историчари, битката за Делчев била погрешна






