Од 1 мај Русија на десетдневен колективен одмор!?

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека планира да прогласи десет неработни денови за да се стави под контрола пандемијата на коронавирусот.



„Ако мислите дека тоа е потребно, денеска ќе го потпишам указот“, рекол тој во телевизиска дебата, одговарајќи на прашањето на шефицата на Руската агенција за здравје, која смета дека тоа би овозможило стабилизирање на пандемијата.

Принудниот одмор ќе почне на 1 мај.