Србија од 1 јуни ја отвора границата со Македонија и со другите три соседи пишуваат повеќе медиуми кај северниот сосед.
Одлуката е донесена поради тоа што ниедна од наведенети земји не се високоризични жаришта на коронавирусот, пишува Блиц.
„Како што дознаваме, во потполност ќе се либерализира движењето со Северна Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора“, пишува Блиц повикувајќи са на свои неименувани извори.
Според српските медиуми за премин на границата со Србија ќе биде потребен тест за коронавирус или карантин од две недели.
Српската влада сеуште официјално не ги потврдува информациите на медиумите.






