Во светот има повеќе од 16 милиони пријавени случаи на коронавирус, но она што загришува е дека само овој месец – од 1 јули до сега се регистрирани дури пет милиони заразени или една третина од сите случаи од почетокот на пандемијата.



Половина од сите регистрирани случаи се наоѓаат на американскиот континент, најмногу во САД и Бразил.

Од почетокот на пандемијата најмалку 645.715 лица починале од Ковид-19 низ целиот свет, пренесува Франс прес.