Од 1 јануари стартува проектот „Голема Албанија“?

По најавата дека границите на Албанија и „државата Косово“ ќе бидат отворени од 1 јануари, суштински но не и формално се спроведува идејата за Голема Албаија, вели Душан Пророковиќ од Институтот за меѓународна политика и економија, пишува Б82.



Петровиќ потсетува дека „самопрогласената држав“ и Албанија од 2009 година, потпишаа повеќе од десет “билатерални договори”,  а дека најавата на министерот и поранешен екс-премиер, Пандели Мајко за отворање на границите е само продолжување на нивната интеграција.

Пророковиќ потсетува дека во 2006 година, Контакт-групата рече дека се дефинираат три принципи во врска со иднината на Косово и дека еден од нив е дека не постои обединување на Косово со која било соседна држава.

„Формално, Албанците сфатија дека не можат да прогласат некој вид на „Голема Албанија“, но тие остваруваат преку „економскиот, културниот, образовнииот и трговскиот систем”, рече Пророковиќ за Танјуг.