Албанскиот министер за дијаспора, Пандели Мајко, вчера во градот Скендерај во централно Косово соопшти дека од 1 јануари нема да има граница меѓу Косово и Албанија и дека и косовскиот премиер Рамуш Харадинај донел таква одлука.
„Границата меѓу Албанија и Косово треба да се отвори и премиерот ми рече дека одлуката веќе ја донел и дека од 1 јануари 2019 започнува слободното движење меѓу Албанија и Косово“ изјавил Мајко, што предизвикало бурни овации и ракоплескање, јавува МИА.
Од кабинетот на Харадинај соопштија дека премиерот дал одобрение за тој процес, пренесува приштинска „Газета експрес“.





