Оваа одлука е донесена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и беше објавена од претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Евтината дневна тарифа ќе важи во периодот од 13 до 15 часот и ќе биде на располагање на околу 200 илјади потрошувачи кои имаат таканаречени смарт броила и оние кои имаат непречен пристап до броилата на ЕВН.
Регулаторната комисија истакна дека електродистрибуцијата има рок од четири месеци да ги усогласи сите 700 илјади броила за домаќинствата, што укажува на значителните подготовки што треба да се направат за успешното спроведување на оваа промена.
Евтината дневна тарифа беше укината од страна на регулаторна на први јануари минатата година. Образложението тогаш беше дека тоа многу ја чини државата во време на енергетска криза.







