Невообичаено остра реакција од новинарката Сашка Цветковска од ИРЛ.мк која директорот на државниот Центар за управување со кризи го нарекува екс генералот Стојанче кукавица за избегнување на одговорноста во случајот со смртта на овчарот Божиновски кој не беше соодветно спасен од несреќата во Кратовските планини.
“Самонаречениот генерал кукавички и со манипулативен вординг ја префрла вината на докторот за смртта на Златко Божиновски. Срамни заклучоци на комисијата која требаше да утврди одговорност”, пишува Цветковска за однесувањето на директорот Ангелов кој одбива било каква одговорност за случајот.
Неколку дена откако беше спасен со надчовечки напори на лекарска екипа која 5 часа го носела до спасот Божиновски почина.
Комисијата која беше формирана од Ангелов не најде вина кај него или за некој член на Центарот за управување со кризи.
Самонаречениот генерал кукавички и со манипулативен вординг ја префрла вината на докторот за смртта на Златко Божиновски. Срамни заклучоци на комисијата која требаше да утврди одговорност. https://t.co/NL3nUmZPFk
— Saska Cvetkovska (@saskac) April 17, 2021






