Членот на СДСМ Софија Куновска во текст под наслов “Лузери и дунстери”, обвинува дека само наивни и платени луѓе можат да поверуваат дека Илинденска Македонија е добро решение за двете страни.
“Каква разлика и прави на Грција промената на референцата ПЈРМ со Република Илинденска Македонија?
Никаква. А во исто време огромна.
Имињата се еднакво понижувачки само што второво е за вкупна употреба т.е. ја прекрстува Република Македонија за секаде и за во секое време.
Можеше и БРИМ или Бивша Илинденска Република Македонија за да биде повидлива навредата.
Кваката не е во името туку во бришење од употреба во целост на Република Македонија.
Само наивните или платените може да тврдат дека се работи за прифатливо име за двете страни”, обвинува екс пратеничката на СДСМ Куновска по информациите дека Илинденска Македонија е македонски предлог доставен од премиерот Заев до колегата Ципрас.





