Соочена со изборен пораз, една политичка партија врши груби притисоци и заплашувања врз кандидат за градоначалник од друга политичка партија , брифираат од втората политичка партија.
Под притисок од пораз институции вршат закани врз кандидатот НС, поради што во текот на денешниот ден истиот неколку часа беше лишен од слобода и без причина малтретиран од полициски службеници. Откако службите утврдиле дека нема кривично дело, кандидатот за градоначалник го пуштиле на слобода, се вели во брифингот од една политичка партија
“Ќе има одговорност за сите вакви и слични случаи на злоупотреба. Пардон нема да има за помагачите на криминалната банда”, се вели во брифингот кој не го објавуваме целосно поради изборниот молк.





