Обвинителството на Абази близок на ДУИ цели две недели (не) води истрага за кланот Ахмети

Обвинителството за организиран криминал и корупција кое го води Ислам Абази обвинител близок на ДУИ, цели две недели (не) води истрага за кланот Ахмети во случајот Соравија.



Иако јавноста уште на 5 јули беше известена дека е почната истрага за случајот Соравија во кој внукот на Али Ахмети Дрин добил десетина милиони вреден удел во трговскиот центар без да плати еден денар, обвинителството не побарало од ниту една институција да ги провери основните сомненија во скандалот.

Иако од почетокот на истрагата поминале најмалку 17 дена досега надлежните институции: Управа за финансиска полиција, единицата за финансиски истраги при Министерството за внатрешни работи и Управата за јавни приходи не добиле формални поднесоци од Абази за расчистување на случајот.

Рокот за поднесување на овие поднесоци кои ги најави ЈО е 30 дена.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 5 јули соопшти дека веќе отворило истрагата за продажбата на трговскиот центар Соривиа.

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по информациите кои постојано се објавуваат во медиумите, минатата недела отвори предмет по допрен глас за купопродажбата на ТЦ „Соравија“. Предметот е доделен на јавен обвинител кој ќе постапи и ќе ги достави соодветните поднесоци до институциите надлежни за истрага на финансиските текови (Управа за финансиска полиција, Единица за финансиски истраги при Министерството за внатрешни работи, Управа за јавни приходи, објави ЈО откако истрагата беше отворена.

Со ова обвинителство раководи јавниот обвинител Ислам Абази кој важи за близок пријател со членови на ДУИ и семејството на Али Ахмети.

Ако поднесоците не бидат поднесени во наредниве десетина дена истрагата против кланот Ахмети може да пропадне во старт.