Јавното обвинителство на Република Македонија започнало процедура за предистрага за можно кршење на кривичниот законик од страна на членови на бугарскиот фашистички клуб Цар Борис Трети кој минатата недела беше отворен во Охрид.
Согласно процедурата обвинителството засега проверува индиции за најмалку едно кривично дело сторено со отворањето на клубот кој го носи името на фашистичкиот лидер Царот Борис Трети, тврдат изворите на expres.mk во обвинителството.
Во предистражните дејствија според извори во обвинителството кои инсистираат на анонимност се вклучени искусни професионалци кои немало да подлегнат на притисокот од јавноста и политиката и професионално ќе истражуваат дали има кршење на законот.
По прибирањето на првичните докази и документи ќе биде решено дали обвинителстовото ќе отвори истрага против организаторите на клубот кои според најавите може да бидат гонети за прекршување на два члена на Кривичниот законик за кои се предвидени сериозни затворски казни.




