Јавното обвинителство го крши законот со одлуката да ја прекине соработката со Антикорупциската комисија од каде вчера обвинија дека во случајот ,,Труст” се направени јавнообвинителски пропусти од кои се офајдил Пуцко Петрол односно пратеникот на ДУИ Јаоски.
Лути поради обвинувањата кон шефот на скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски и обвинителот Артан Ајро ЈО објави дека ја прекинува соработката со ДКСК и јавни призна дека го крши законот за јавно обвинителство кој дава обврска за соработка со ДКСК.
Со замрзнување на односите на ЈО со ДКСК Законот за јавно обвинителство е прекршен од самото обвинителство во најмалку два члена.
Според Член 7 од ЗЈО се предвидува ЈО да ги почитува правото на Антикорупциската комисија да дава забелешки за случаи каде смета дека има корупција.
Член 7
(1) Јавниот обвинител функцијата ја врши законито, непристрасно и објективно, ги
почитува и заштитува слободите и правата на човекот и граѓанинот и правата на другите
правни субјекти и во рамките на своите надлежности, се грижи за ефикасноста на
кривичното гонење, стои во ставот 1 од членот 7.
Поголемо кршење на законот на тие што треба да го штитат истиот се прави во членот 42 каде јасно се предвидува соработка на ЈО со органи како ДКСК.
Член 42
Соработка и однос спрема странките и другите вработени во обвинителството значи
професионален, прецизен и достоинствен однос кон учесниците во постапката, во
односите во јавното обвинителство и односите со сите останати органи и организации со
кои, согласно со законите, јавниот обвинител е овластен да комуницира и соработува и да
го поддржуваат стручното усовршување и професионалното напредување на колегите.
За случајот се уште молчи Советот на јавни обвинители од каде мора да реагираат за прекинот на законската обврска на ЈО да ја прекине соработката со Антикорупциската комисија.
За многумина во овој ресор не е случајно што ЈО реши да запре со комуникацијата со ДКСК откако овој самостоен орган посочи дека заради пропусти во ЈО пратеникот на ДУИ Јаоски заработил 4,5 милиони евра од случајот Труст кој го воделе обвинителите Бубевски и Ајро.




