Јавното обвинителство ќе мора да ги провери сите тендери организирани од домашни државни и други правни субјекти на кои победувала компанијата Беса Транс во чиј “автобус ковчег” изгореа 45 луѓе.
Обвинителите по допрен глас треба да утврдат дали на тендерите за превоз на ученици Беса Транс учествувала со лажни или нецелосни документи.
Оваа истрага ќе мора да се случи откако стана јасно дека фирмата немала вработено доволно возачи а нејзин автобус возел без лиценца за меѓународен транспорт.
Покрај документите на компанијата обвинителството ќе мора да ги провери и тендерските постапки кои ги воделе тендерските комисии во општините каде Беса Транс добивала милиони од граѓаните за превоз на ученици.
Дали општинските институции кои требало да ги проверат поднесените документи од фирмата и дали инспекциските служби кои се должни да вршат надзор синус завршиле работата, се меѓу круцијалните прашања кои треба да бидат поставени во истрагата.
Во моментов на повеќе политички нивоа и центри се врши силен притисок до таква истрага воопшто да не дојде.
Од конфузните изјави на јавниот обвинител Љубимир Јовески засега нема најава дека истражителите на обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска ќе откриваат во кои се тендери и ситуации бил прекршен законот што индиректно доведе до смрт на 45 луѓе од кои 12 деца.
Предходно министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на прес-конференција соопшти дека опожарениот автобус со регистарски таблици СК0284 БА кој учествуваше во сообраќајната несреќа во Република Бугарија не е пријавен од сопственикот во единствената електронска база на податоци на Министерството, за автобусот не поседувал извод од лиценца, а за превозот на патници користел неважечки извод кој се однесувал за друг автобус.
Дали истата шема се случувала и во тендерите во кои Беса Транс превезувала и ученици во Македонија е една од работите кои мора да ја истражи обвинителството сончоглед на целосниот хаос во инспекцискиот надзор во оваа област.
Според Бочварски, превозникот „Беса транс“ поседувал две лиценци за работа: лиценца за слободен превоз на патници во меѓународниот сообраќај со број 00701 за која е донесено решение да му биде одземена поради злоупотреба и лиценца за линиски превоз на патници во внатрешниот сообраќај со број 8528 која е истечена во октомври 2021 година, односно е неважечка.
Овие лиценци, нагласи Бочварски, се однесуваат на правното лице „Беса транс БТБ“ како фирма, а не на превозни средства.
– Во однос на поседување на изводите од лиценци за автобуси за слободен превоз на патници во меѓународниот сообраќај, превозникот „Беса Транс БТБ“, поседувал изводи од лиценци за четири автобуси, истакна Бочварски.
Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај член 11 став 1, објасни министерот, превозникот може да почне да врши превоз на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај откако ќе добие лиценца за фирмата и извод од лиценца за моторно возило.






