Обвинителот Бурим Рустеми бара Миле Јанакиески стражарно да биде спроведен на рочиштата иако тој има уредна медицинска белешка дека има сериозни телесни повреди поради кои треба да оди на операција.
Неговите адвокати доставија медицинска документација за сите рочишта.
Така беше за „Шпански скали“ а така ќе биде и за денешното рочиште за случајот „ТНТ“.
Следното рочиште ќе биде за случајот „Топлик на 24 јануари. Рустеми и судот брзаат што поскоро да има пресуда.
Доколку пак поминат 45 дена од едно до друго рочиште тогаш случајот мора да се врати на почеток.
Поранешниот министер има фрактура на колено и денеска треба да биде опериран. Тој имаше скршеница и скинат лигамент на коленото.
Бурим Рустеми важи за еден од најконтроверзните обвинители од екс СЈО.
Тој беше сведок во случајот Рекет а познат е и по нудење пазар за дел од обвинетите од случајот ТНТ доколку признаат вина.
Ова за „Република“ го изјави адвокатот Мерџан Даути кој тврдеше дека со него се сретнал со цел да издејствува да им се дозволи да ги презентираат доказите од почеток и во тој момент Рустеми излегол со неочекуван предлог.






