Обвинителката со фалсификатот” и тројца “површни” судии – пишува Горан Момироски

Текстот на колегата Саше Димовски во порталот Сведок за фалсификуваниот доказ приложен во обвинение, кое иако фалично, поминало во судот, е една од индициите за операцијата во која се инволвирани политичари, судии и обвинители а за која пишував минатата недела во колумната:



Откриена операцијата ,,ЈОВИЛСБЏИ” на власта во правосудството – пишува Горан Момироски

Колегата Димовски кој е еден од најголемите авторитети во правосудството дури и во конкуренција со многу судии и обвинители во случајот “Плацеви на Водно” открива тежок криминал и низа сомнителни работи за кои нема соодветно објаснување.

За случајот има и нови или ново-стари моменти поврзани со правно поведение на тројца судии во предметот “Плацеви на Водно” каде обвинителката Лиле Стефанова подметнала фалсификуван документ поради чија употреба од судот случајот морал да биде запрен а Стефанова да биде разрешена од својата функција.

Иако судот сега тврди дека одбраната навреме не го забележала фалсификатот од Стефанова и не реагирала за да се исправи противправното дејствие вистината е дека судот навреме добил реакција, барање односно приговор за одбивање на обвинителниот акт поради ускратени права во постапката на на еден од обвинетите но истото го одбиле.

Во приговорот до Основниот кривичен суд наменет за Советот за оценка на обвинителниот акт на Стефанова не се наведува точниот број и ознака на фалсификуваниот доказ доставен од обвинителката Стефанова но тоа не смеело да ги спречи тројцата судии од Советот за оценка на обвинителниот акт да ги отворат списите од предметот и да видат сами дека некој им подметнал фалсификуван доказ со што грубо влијаел на постапката.

Имињата на членовите на Советот се Софче Гаврилова Ефремова, Огнен Ставров и Васка Николовски Масевска.

Сите тројца сега се соочуваат со опасност, поради тоа што не навлегле подлабоко во тврдењата на приговорот од одбраната, да бидат виновни што по долг процес и дејствија и направени огромни трошоци ќе пропадне процес кој немал правна основа.

Судиите можат формално правно да се вадат дека во Приговорот на обвинителниот акт на адвокатот Мехмет Сефери кој го брани првообвинетиот Никола Груевски не се наведува точната ознака на фалсификатот на Стефанова но ако ги отвореле списите ќе виделе дека на судот му е подметнат фалсификат кои тие не го забележале.

Со оглед на нивното искуство тешко е да се тврди дека не виделе нешто што може да го забележи и студент на прва година право дури и на универзитетот на Мерко.

Со оглед на нивните биографии многу полесно е да се помисли дека намерно не сакале да видат каков фалсификат им е подментнат.

Со оглед на нивното познавање на правото уште полесно може да се помисли дека работеле по нечиј налог, од политички центар кој има личен и партиски интерес процесот да се турка по секоја цена дури и кога е јасно дека процедурата е прекршена а некој во истиот процес правел криминал со подметнување на фалсификувани докази.

Ова е особено лесно да се помисли ако се знае дека обвинителката која подметнала фалсификат е главен кандидат за идна шефица на Одделот за организиран криминал во Јавното обвинителство.

А тоа е истото обвинителство кое изминатиот период по партиски налог заедно со дел од судиите врши правна тортура врз многу луѓе и кое направи многу (не)намерни грешки кои однесоа многу невини луѓе в затвор.

Тие што ќе ме обвинат дека јас или колегата Димовски го браниме Груевски да им кажам дека се бранам сам. Затоа што се почесто слушам дека на ред за “обработка” од моќниците на власт и нивните вазали во Обвинителството и судот се неколку новинари и “премногу гласни” граѓани.

Едвај чекам.

Во продолжение за тие што не ги знаат деталите од специфичниот случај “Плацеви на Водно” текстот на Димовски за случајот кој на најдобар начин ја покажува катастрофата на македонското правосудство и држава:

Контраверзната јавна обвинителка Лиле Стефанова, со фалсификуван доказ го затворила предметот „Плацеви на Водно“ и на судот кој го оценувал актот му подметнала изјава на Никола Груевска, кого таа ниту го видела, нити го сослушала во истрагата што ја водела.

За ваквата злоуптреба против Лиле Стефанова се подготвува кривична пријава за груба злоупотреба на службената положба и фалсификат, а со пријави пред Судскиот совет ќе бидат опфатени и тројцата судии на одделот за организиран криминал на скопскиот кривичен суд кои го оценувале актот и кои биле должни по службена должност да внимаваат што им поднела Стефанова, и да и го вратат актот на доработка или да ја запрат постапката против Груевски.
Во предметот, „Плацеви на Водно“, за кого истрагата била отворена во 2020 година, првосомничен, па обвинет е Никола Груевски, кого го гони за перење пари, за сума од над 1,3 милиони евра партиски пари, донации во ВМРО ДПМНЕ, кои според обвинението, Груевски ги пуштил во оптек за купување на плацевите.

Но, во време на отворање на истрагата, на сите им е јасно дека Никола Груевски е избеган во Унгарија, па Стефанова, ниту можела да го види, ниту да го сослуша.
Но, иако била должна да ја запре постапката против него и да му се суди кога ќе се создадат услови за тоа, Лиле Стефанова, мангупски, се снашла, си позајмила изјава од 2015 година, што ја дал Никола Груевски во ОЈО Скопје, заведена под РО број (кога нема отворена истрага за конкретен настан/кривично дело- пријавата била за „злоупотреба“), па ја сменила ознаката во КО (како да го сослушала во истагаа) и таквиот документ им го подметнала на судиите, а тие (тројца судии што го ценеле актот) најверојатно без да го отворат предметот го потврдиле актот, фаќајќи се на јадицата на лукавата обвинителка Стефанова.
Друго објаснување тешко се наоѓа, зашто ако го виделе понудениот доказ, ќе виделе дека станува збор за изјава од 3 реда, дадена во 2015, а сите други дејствија и докази им се од 2020 кога била водена истрагата.

Само оваа изјава, која е под реден број 14 на листата на доставени докази до Советот за оценка на актот, е од 2015 година, но со сменета ознака, КО наместо вистинската РО.

Изјавата која ја позајмила Стефанова е дадена на 31 август 2015 година пред ОЈО Скопје, каде што обвинител бил Мартин Митрески, а Груевски негирал во тие три реченици дека има била каква поврзаност со фирмите купувачи на земјиштето на Водно.
СВЕДОК испрати прашање до ОЈО ГОК зошто го направила ова Стефанова и како зела изјава на која и ја сменила ознаката со што ги насамарила и судиите, иако била свесна дека перењето пари за кое го обвинува е исклучива надлежност на ОЈО ГОК а не на ОЈО Скопје, од службата за информирање која се опреми со илјадници евра странски пари за да биде ефикасна и транспарентна, не добивме одговор.

На судењето во петокот, сардисана со напади од адвокатите дека направила фалсификат, Стефанова призна дека постапката е водена во РО, а не во КО, но дека тоа била „техничка грешка“ и продолжи да ја води постапката.

За да биде парадоксот поголем, во исто време Вилма Русковска ја води истрагата за „Организаторите на 27 април“ каде што постапката за Груевски е запрена поради неговоо бегство и суди истиот судија, Илија Трпков, кој суди и во „Плацевите“, но овде Лиле Стефанова има друг аршин и на мала врата си го протнала обвинението со Груевски.

Одбраната на обвинетите во Плацовите на Водно, овој потег на обвинителката Стефанова не го видела на време, па да приговара при оценка на актот, туку бараа на главен претрес судот да реагира, што по ЗКП не е предвидена таква можност по правосилност на обвинението и судот, очекувано, ги одби ваквите предлози.
Судот сега може само со пресудата да го елиминира фалсификатот на обвинителката или да побараат повторување на кое ги советуваше и судот, а тоа може да се случи и по основ на разрешување на Лиле Стефанова и судиите.