Обвинителката го искара Мухамед Зеќири: Граѓаните и државата очекуваа да ја вршите функцијата со интегритет

Обвинителката Катерина Коларевиќ на почетокот на судењето на поранешниот владин генерален секретар Мухамед Зеќири за случајот со консултантските договори за реорганизација на АД „Пошта“ и потенцијална приватизација на „Железници“ рече дека Обвинителството ги има потребните докази за процесот.



„Обвинителството ќе докаже дека иако обвинетиот како генерален секретар со заклучок на Владата бил задолжен да спроведе постапка во рамките на која ќе се ангажира фирма, консултантска куќа, која ќе го даде предлог-моделот за реструктуирање на АД ‘Пошта’, тоа не значи дека Владата го ослободила од неговата одговорност да ги почитува законите, односно со ваквиот заклучок Владата не му дала одврзани раце да склучува договори во четири очи со правни лица за кој истиот мислел дека се компетентни”, рече Коларевиќ во судницата.https://360stepeni.mk/sudeneto-na-zekiri-pochnuva-na-15-dekemvri-se-padna-kaj-istata-sudijka-od-sluchajot-so-rashkovski/embed/#?secret=v6ftfCzVAo#?secret=CkdZAlSJds

Таа додаде дека една од фирмите „Интер холдинг“ е основана непосредно пред Зеќири да го склучи договорот со неа, и не извршувала никаква дејност. во седиштето каде што била неговата адреса  Како што рече таа, поранешниот генсек го прекршил Законот за јавни набавки со тоа што договорите ги склучил во четири очи без да се објави оглас.

„Основните принципи што ги предвидува самиот Закон за јавни набавки, а тоа се и принципите поради кој е донесен самиот законот, е токму постоењето конкуренција помеѓу економските оператори, нивниот еднаков третман, непостоењето дискриминација, постоење транспарентна постапка во која се доделуваат државните пари, а со цел ефикасно искористување на ваквите државни пари. Самата актуелност на темата поврзана со јавните набавки во изминатите години се должи на потребата на самите граѓани да знаат на кој начин се трошат државните пари односно на кој начин се врши распределбата. Одбегнувањето на спроведување на постапка за јавни набавки за исплаќање износи од државниот буџет се коси со самите цели на јавните набавки како постапки предвидени со закон кои треба да доведат до постоење дисциплина во јавните финансии”, рече обвинителката.

Во воведните зборови таа му укажа на Зеќири дека општите очекувања на јавноста се дека требало со морален интегритет да ја извршува функцијата која му била доверена пишува Фсктор.мк

„Во конкретниот случај станува збор за обвинето лице кое во моментот на вршење на кривичното дело било вршител на јавна и именувана функција како генерален секретар на Владата од кои државата и граѓаните бараат голем степен на професионалност и стручност во неговото постапување односно бараат ваквата функција да претставува симбол на личност која јавната функција ќе ја извршува пред се со интегритет”, укажа обвинителката.

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, заедно со неговиот адвокатски тим до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за сведоци на одбраната во текот на процесот каде тој е обвинет да бидат повикани актуелниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и поранешниот директор на „Пошта“ Јани Макрадули.

Предлог за тие да се додадат на листата сведоци покрај претходно предложените, до судот бил поднесен вчера пред денешниот старт на судскиот процес каде Зеќири е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување во однос на склучување, без јавна набавка, на два договори за консултантски услуги – едниот за определување модел за реконструирање на АД „Пошта“ и вториот договор за консултантски услуги за поддршка на процесот за потенцијална приватизација на „Железници“.