Обвинителка обвинета дека знаела за таен план на ДУИ да купи опрема за прислушување

Најнова вест



Досега најчист доказ за распадот на системот во власта на СДСМ и ДУИ

Објавено видео што го уништи Пендаровски – Зошто АР го скрила Онишченко од АНБ и владата

Обвинителката од екс СЈО Ленче Ристовска е јавно обвинета дека имала информации за план на ДУИ да набави опрема за прислушување но не сторила ништо за случајот.

Прашањето на Ристовска и го упатува профил на Твитер кој важи за упатен во обвинителско-безбедносни теми.

Тој ја прашува Ристовска која беше најблиска соработничка на шефицата на СЈО Катица Јанева откако обвинителката проговори за корупцијата паметувајќи кој може да се смета за антикорупционер а кој не може.

,,❗️А што стори ти во борбата против изворот на корупција во ДУИ ?

Имаше цел фолдер од белешки од УБК и АР, разговори, фотографии, средби во Зајас, Струга и Тетово од април и мај 2014, како се договара набавка на опрема за прислушување за потребите на ДУИ и не презема ништо”, пишува профилот по чии твитови биле откриени низа афери во правосудството.

Досега јавноста не била информирана за пакет или фолдер со документи за набавка на опрема за прислушување од страна на ДУИ.

По оваа информација ќе биде интересно да се води дали Ристовска ќе го демантира пишувањето или ќе молчи во страв дека фолдерот може да излезе во јавност.

Ристовска беше една од обвинителите во СЈО која добивала пари од фамозниот бонус за доверливост за неиздавање важни информации од бомбите кој е класифициран како „Други договорни услуги“. Бонусот им се исплаќал на сите обвинители речиси подеднакво а изнесувал и до 2.440 евра месечно.

Ленче Ристоска, една од најекспонираните обвинителки во јавноста, се чини, секоја година во СЈО добивала иста сума за бонуси како и другите обвинители, а вкупно инкасирала 72.520 евра.

Сите додатоци на поранешните специјални обвинители, освен платата, се јавно достапни на платформата „Отворени финансии“, https://open.finance.gov.mk/

За овие пари обвинителството се уште води истрага но тоа не ја спречува сега Ристовска да кажува кој може да се смета за корумпиран а кој не.