Обвинителите од СЈО загрижени за својата иднина

„Сакаме уште еднаш да ја изразиме нашата загриженост поради фактот што до овој момент ниту е избран јавен обвинител кој ќе ја замени Јанева, ниту, пак, е донесено ново законско решение со коешто ќе се регулира статусот на ова Јавно обвинителство“, се наведува во денешното соопштение од СЈО.



Во соопштението се потсетува дека мандатот на ова обвинителство е до 15  септември 2020 година.

Од СЈО сметаат дека на вработените во институцијата им се закануваат проблеми во однос на работниот однос, а постои и опасност во однос на материјалите со кои располага обвинителство.

„Отсуството на регулатива за тоа што ќе се случува со вработените, тековните обврски, архивата и материјалите со кои располага обвинителството, во ситуација кога нема раководно лице на институцијата, ќе доведе до реални проблеми во остварувањето на правата од работен однос на вработените лица и намирување на обврските на институцијата, а воедно ќе отсуствува и контрола на спроведувањето на безбедносните процедури поврзани со сите материјали со кои располага обвинителството“, се посочува во соопштението.