Обвинител: Во телата на убиените во Турската чаршија биле испукани речиси два шаржери од Калашњиков

Во „Шиша бар“ се пронајдени педесетина чаури, повеќето куршуми завршиле во телата на убиените, открива шефот на Скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски.



„Колку точно рани има во телата на убиените се знае, но и јас сè уште го немам тој податок, го немам извештајот од судска медицина, но 40 до 50 чаури се пронајдени околу телата на убиените. Најголем дел од куршумите се завршени во нивните тела“, откри шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

Најголем дел од педесетината куршуми испукани во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија завршиле во телата на двајцата убиени, откри во емисијата Бубевски кој ја координира предистрагата за случајот.

Во гостувањето Бубевски вели дека не знае колку точно рани има во телата на убиените.
,,И јас сè уште го немам тој податок, го немам извештајот од судска медицина, но 40 до 50 чаури се пронајдени околу телата на убиените. Најголем дел од куршумите се завршени во нивните тела, односно многу малку се завршени надвор“, рече Бубевски.

Тој вели дека се уште не е сигурно дека напаѓачите при нападот зборувале на македонски јазик и дека оваа информација не може да се земе здраво за готово како индиција.

Според првичните информации заборувале на македонски јазик, но според Бубевски не е до крај испитано дали се работи за чист македонски јазик, дали се разботи за мешавина.

,,Меѓутоа, тоа е ситуација во која лицата имаат оружје и кога ги добивате овие информации од сведокот малку треба да бидете и претпазливи, смета Бубевски кој на прашањето дали мооже да се работи за лажна трага, одговара дека Се испитуваат сите можности што стојат на располагање за да се види дали има сериозни траги кон одредени лица.

Тој потврди дека убиството се случило на вториот кат од објектот и рече дека таму немало други гости. Се работело за посебна просторија, а таргет биле тие две лица.

„Со нив имало уште едно лице кое е со минорни повреди и кое не било таргет, иако било во непосредна близина. Таргет очигледно биле тие лица кои на крајот се лишени од живот. Сè уште се испитува дали е пукано или се работи за рикошет во неговата нога (на повредениот, н.з.) од ѕид или од нешто друго“, рече тој.

Двојното убиство во локалот „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија се случи во понеделникот на 6 март. Убиени се две лица, Јетон Кривањева и Енес Исени.

Сите детали на 360 Степени