Обвинител со чиј амин Јанева запирала случаи го компромитира ТНТ

Одбраната во случајот ТНТ бара итно изземање на јавниот обвинител Бурим Рустеми кој сега работи за Јавното обвинителство а пред апсењето на Катица Јанева беше дел од обвинителка иот тим на затвореното СЈО.



Во барањето на одбраната со назнака “ИТНО!!!” од јавно Обвинителство на Р. Македонија Љубомир Јовевски како Јавен Обвинител се бара изземање на јавниот обвинител Бурим Рустеми согласно член 33 став 2
од ЗКП в.в член 38 став 1 од ЗКП.

Меѓу причините за изземање на обвинителот се наоѓа и информацијата дека осудената бивша шефица на СЈО по предходна согласнот од Рустеми запрела случај на специјалното обвинителство.

Пред запирањето на случајот од страна на Специјалната Обвинителка Катица Јанева а по претходна согласност од обвинителот Бурим Рустеми, како што открива одбраната во случајот ТНТ, осомничениот Аријан Амзоски кој дал огромна сума пари на Бојан Јовановски (Боки 13), му испратил СМС порака на Боки 13 со следниот текст: ,, SJO go povlece denes predmetot. BLAGODARAM OD SRCE ajde sega raat da pocnime da rabotime ?),,.

Во денешното барање за изземањето на Рустеми одбраната се сомнева за постапување на обвинителот Рустеми и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева спротивно на Закон и елементи на пристрасност и корумптивни дејствија.

За овој аргумент се доставени докази во која била опфатена кривична пријава до ЈО поднесена од страна на општина Гази Баба за нелегално градење, при што ОЈО Скопје ја прифатило како основана на ден 31.03.2017 година и за овој предмет била започната судска постапка и закажани рочишта против лицето Ардијан Азмоски и правното лице ТДУТУ Фине.

Доставена и комуникација која беше приложена како доказен матријал во друг предмет наречен Рекет 2, каде што предметот против Ардијан Азмоски го превзема во своја надлежност СЈО на Катица Јанева од ОЈО Скопје, по што по превземањето на овој предмет после само 6 дена СЈО поднесува Поднесок за негово повлекување.

Од доказните матријали јасно се гледа дека обвинетитот Азмоски во истиот ден по повлекувањето на овој предмет, преку смс комуникација му се заблагодарува на Бојан Јовановски за помошта за повлекувањето на предметот.

Овие докази беа презентирани во предметот „Рекет 2“, каде што јасно беше посочено дека таму обвинетиот Бојан Јовановски после 1 месец од затворањето на предметот на Азмоски, од бизнисменот добива 350 илјади евра на рака, а претходно меѓу двете лица е склучен договор за деловна соработка.

Наредните неколку месеци, Бојан Јовановски Боки 13 и Меѓународен сојуз, а преку Јасна Мандиќ, од страна на Трговскот друштво Дримм Билдинг Струга чија сопственост е на Азманоски во неколку наврати биле уплатени суми на Меѓународен сојуз во изност од 850 000 евра.

Целото барање на одбраната кое изобилува со контроверзни информации кои го компромитираат и обвинителот и целиот случај ТНТ во продолжение:

Согласно член 33 став 2 од ЗКП в.в член 38 став 1 од истиот закон предлагам до судечкиот совет да се препрати моето барање за изземање до надлежен Јавен обвинител а во конкретниов случај Јавниот обвинител на Р. Македонија г-дин Љубомир Јовевски согласно член 38 став 3 од ЗКП кое ќе го презентирам на оваа главна расправа.

Почитувани членови на судскиот совет ова го барам зошто постојат објективни причини за ваквото барање и земајќи во предвид дека со ваквиот предлог ќе се продолжи постапката т.е ќе продолжи денешното судење Ве молам истото да се препрати до Јавниот Обвинител на Р. Македонија согласно ЗКП, а во оваа прилика на кратко ќе објаснам на што го темелиме нашето барање но и зошто сметаме дека надлежен да одлучува по нашето барање е токму Јавниот обвинител на Р. Македонија.
Имено, во месец Септември 2019 година Јавното обвинителство на Република Македонија ги превзеде предметите од поранешното СЈО вклучително и предеметот за кој се води постапка во Основниот кривичен суд, Скопје КОК 53/17 познат во јавноста под кодното име ,,ТНТ’’.

Пред почетокот на главната расправа по предметот КОК 53/17 одржана на 23.09.2019 година на одбраната и беше презентирано Овластувањето бр.03-672/14 од 20.09.2019 година со Јавниот Обвинител на Р. Македонија го овластил обвинителот Бурим Рустеми да постапува по овој кривичен предмет. Земајќи го во предвид горенаведеново како надлежен за постапување по овој предмет но и самото овластување за постапување на обвинителот Бурим Рустеми сметаме дека надлежен да постапува по ова барање е Јавниот обвинител на Р. Македонија
Во прилог накратко ќе ги образложам четири Околности поврзани со предметот КОК 53/17 кои предизвикуваат сомневање за непристрасност на обвинителот Бурим Рустеми:

Сомнеж за постапување спротивно на Закон од страна на поранешниот Јавен обвинител Катица Јанева и Јавниот Обвинител Бурим Рустеми и елементи на пристрасни и корумптивни дејствија

Од страна на општина Гази Баба, имало поднесено кривична пријава до Јавното обвинителство против сите учесници во нелегалното градење, што беше и законска обврска на општината.

Основното јавно обвинителство Скопје, констатирало дека кривичната пријава за за кривично дело – Бесправно градење од чл.244-а од Кривичниот законик.е основана за што на ден 31.03.2017 година, до Основниот суд Скопје 1 Скопје, бил поднесен Обвинителен акт бр. Х КО 5 бр 1110/11 против лицето Ардијан Амзоски и правното лице ТДУТУ Фине ДОО Скопје, за сторено кривично дело „Бесправно градење“. Истиот овој обвинителен акт бил одобрен и прифатен од страна на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, и бил евидентиран под бр. КООА 29/17 односно била започната судска постапка и биле закажани судски рочишта, под К.бр. 1321/17.

Прилог 1- Кривична пријава
Прилог 2 – Обвинителен акт бр. Х КО 5 бр 1110/11
На ден 13.10.2017 година со Решение за воспоставување на стварна надлежност А бр. 178/17 тогашното СЈО селективно воспоставило надлежност над овој кривичен предмет кој претходно се водеше во рамките на Јавното обвинителство.

На ден 19.10.2017 година пред официјално да се поднесе Поднесокот за повлекување на обвинителен акт од страна на Обвинителката Катица Јанева а по претхдодна согласност од обвинителот Бурим Рустеми, Аријан Амзоски му испраќа порака на Бојан Јовановски ,, SJO go povlece denes predmetot. BLAGODAM OD SRCE ajde sega raat da pocnime da rabotime ?),,

Прилог 3-Извештај за активностите на СЈО од 15.03.2018г
Прилог 4 – web страна со постирано видео
На ден 20.10.2017 година со намера да ја освари својата цел без ниту еден дополнителен доказ, без образложение или отпочната главна расправа со изведување на докази, Катица Јанева како специјален јавен обвинител по претходна согласно од Обвинителот Бурим Рустеми кој бил надлежжен за овој предмет, го повлекува позитивно оценетиот обвинителен акт ТД ,,ФИНЕ’’ ДОО Струга и Ардијан Амзоски како управител на ова трговско друштво за сторено кривично дело бесправно градење
На ден 26.10.2017 година донесена е Одбивателна пресуда против ТД ,,ФИНЕ’’ ДОО Струга и Ардијан Амзоски како управител на ова трговско друштво за објектот Космос К.бр. 1321/17 од страна на Основниот Суд Скопје 1, Скопје
Согласно Обвинителниот акт КО.бр.130/19 познат во јавноста како ,,Рекет 2’’ евидентно е дека на 7.11.2017 година по само 10 дена од донесеното Решение склучен е Преддоговор за стратешко партнерсство и деловна соработка помеѓу ,,Меѓународен Сојуз’’ преставувана од Бојан Јовановски со Трговското друштво за градежништво, производство и услуги ,, Дримм Билдинг’’ ДООЕЛ увоз извоз Стуга преставувано од Ардијан Амзоски
Согласно Обвинителниот акт КО.бр.130/19 познат во јавноста како ,,Рекет 2’’ по потпишување на овој Преддогор исплатени се на рака на Бојан Јовановски од страна на Ардијан Амзоски сума од 350.000 евра
Согласно Обвинителниот акт КО.бр.130/19 на ден 28.12.2017 година склучен е договор за стратешко партнерство и деловна соработка помеѓу ,,Меѓународен Сојуз’’ преставувана од Бојан Јовановски со Трговското друштво за градежништво, производство и услуги ,, Дримм Билдинг’’ ДООЕЛ увоз извоз Стуга
Согласно Обвинителниот акт КО.бр.130/19 на ден 4.1.2018 година Трговското друштво за градежништво, производство и услуги ,, Дрим Билдинг’’ ДООЕЛ увоз-извоз Струга преку Македонска авторка агенција на име на обвинетата Јасна Мандиќ уплаќа 15.000.000 денари. Повторни плаќања ова Трговско друштво кон истиот субјект извршило на 16.01.2018 година, 28.02.2018 година и 1.03.2018 година и тоа во висина од 13.392.000 денари, 1.103.986 и 985.639 денари последователно. Вкупно жирално се исплатени над 500.000 евра или вкупно 850.000 евра.

Прилог 5- Обвинителен акт КО бр.130/19 од 03.01.2020г

Согласно јавно достапните податоци на Централниот регистар на Република Северна Македонија, вкупните приходи на Трговското друштво за градежништво, производство и услуги ,, Дрим Билдинг’’ ДООЕЛ увоз-извоз Струга за 2017 година се во износ од 14.858.096 денари а за 2018 година изнесуваат 28.305.673. Износите на вкупни приходи во 2018 година се пониски од вкупно уплатените средства на лицето Јасна Мандиќ.

Прилог 6- Тековна состојба за Меѓународниот сојуз
Прилог 7- Историјат на промени на фирмата Дрим Билдинг
Прилог 8- Листинг од обработена годишна сметка за фирмата Дрим Билдинг

На рочиштето во врска со Обвинителниот акт КО.бр.130/19 одржано на ден 26.08.2020 година лицето Адријан Азмоски како преставник на Трговското друштво за градежништво, производство и услуги ,, Дрим Билдинг’’ ДООЕЛ увоз-извоз Струга т.е еден од двајцата оштетени во случајот “Меѓународен сојуз”, се приклучил во кривичниот прогон на обвинетите и побарал отштета од само 195.000 евра.

Директна инволвираност на Обвинителот Бурим Рустеми во дејствија од сомнителен карактер и спротивни на ЗКП, а кои предизвикуваат сомневање за негова непристрасност

Надлежноста на СЈО врз Обвинителниот акт против ТД ,,ФИНЕ’’ ДОО Струга и Ардијан Амзоски како управител на ова трговско друштво е воспоставена на ден 13.10.2017 година, а само во рок од 5 работни дена, т.е на 20.10.2017 година е доставен поднесок за откажување од обвинителниот акт. Обвинителнио акт за предметот ,, ТНТ,, е поднесен на 29.06.2017 година. Ова јасно укажува дека сите настани следат по поднесување на обвинителниот акт во предметот ,,ТНТ ,, и е спротивно на тврдењата на обвинителот Бурим Рустеми дека го повлекле обвинението од единствена причина да нема два обвинителни акти во правен промет, бидејќи факт е дека подолго време паралелно пред Основниот Кривичен суд Скопје постоеле два обвинителни акти за објектот Космос. Прво пред поднесување на Обвинелниот акт за предметот ,,ТНТ’’имало само еден Обвинителен акт но исто така јавните обвинители Катица Јанева и Бурим Рустеми воопшто не направиле анализа на предметите што го потврдува и фактот дека само за 5 работни дена го повлекле обвинението.
Бурим Рустеми како јавен обвинител заедно со Катица Јанева како специјален јавен обвинител без ниту еден дополнителен доказ или околност се откажале од обвинението против и ТД ,,ФИНЕ’’ ДОО Струга и Ардијан Амзоски како управител на ова трговско друштво, што создава сомнеж за можна вмешаност на Катица Јанева и Бурим Рустеми во случајот познат во јавноста како “Меѓународен сојуз”. Овој сомнеж предизвикува и сомневање за негова непристрасност
Непознатиот финален корисник на износот од 350.000 евра кој согласно Согласно Обвинителниот акт КО.бр.130/19 познат во јавноста како ,,Рекет 2’’ е даден кеш на рака од лицето Ардијан Амзоски на Бојан Јовановски дополнително создава сомнеж за непристрасност на обвинителот Бурим Рустеми и можна негова вмешаност во случајот познат во јавноста како “Меѓународен сојуз”.
Воедно сериозен сомнеж предизвикува и краткиот рок за анализа на предметот и доказите кои биле во рамките на истиот односно за само 5 работни дена за предмет кој бил процесуиран од ОЈО – Скопје и за кој Основниот кривичен суд го оценил позитивно и за кој закажал рочишта. Обвинителот Бурим Рустеми како јавен обвинител со невидена леснотија погазувајќи го ставот и на ОЈО – Скопје и на Основниот кривичен суд тврди нешто спротивно што веќе било утврдено и од ОЈО Скопје и од Основниот Кривичен суд Скопје. Појавените сомнежи во однос на противправното постапување на наведените се потврдија во фазата на изведување на докази во предметот,, Меѓународен сојуз,,.
Дека Бурим Рустеми како јавен обвинител и помогнал на Катица Јанева како специјален јавен обвинител и лично учествувал и се согласил да се повлече обвинителниот акт Х КО 5 бр 1110/11 против ТД ,,ФИНЕ’’ ДОО Струга и Ардијан Амзоски како управител на ова трговско друштво е фактот дека на ден 17.08.2019 година за порталот ФОКУС Бурим Рустеми како јавен обвинител истакнува дека тој лично решил, а Катица Јанева како специјален јавен обвинител се согласила со откажувањето од обвинителниот акт против ТД ,,ФИНЕ’’ ДОО Струга и Ардијан Амзоски како управител на ова трговско друштво.

Прилог 9- Копија од изјава дадена за Фокус на ден 17.08.2019 г

Бурим Рустеми како јавен обвинител за „Фокус“ појаснува дека лично тој сметал дека ова обвинение треба да се повлече, бидејќи според доказите кои ги обезбедил за истрагата за „ТНТ“, Амзоски ја имал улогата на оштетен, а не на обвинет. Тој за „Фокус“ појаснува што се случило. “Кривичната пријава за Амзоски, за дивоградба, била поднесена во 2011 година, а се до 2017 не била активирана. Во време кога јавно е познато дека водиме истрага за „ТНТ“, односно за незаконско рушење на објектот „Космос“, редовното обвинителство, одлучува да ја активира пријавата и да поднесе обвинение против Амзоски. Овој потег е нелогичен, со очигледна позадина, бидејќи добро знаеја дека СЈО е надлежно за овој случај.
Понатаму Обвинителот Бурим Рустеми изјавува ,,кога го добив предметот РЕШИВ дека обвинението треба да се повлече, а со мене се СОГЛАСИ и шефицата Катица Јанева, бидејќи не може за ист случај бизнисменот да има својство и на обвинет и на оштетен. Нашите докази покажуваа дека е оштетен, појаснува обвинителот Рустеми, кој додава дека ако опстоело обвинението против Амзоски, немало да може да се отвори случајот „ТНТ“.
Во однос на она што го истакнува Бурим Рустеми како јавен обвинител ,, Овој потег е нелогичен, со очигледна позадина ,, е само негова изјава дадена со намера да нанесе штета и да прибави значителна имотна корист за Бојан Јовановски и Ардијан Амзовски , бидејќи по однос на ,, очигледната позадина ,, не е поведена никаква постапка ниту пак е докажана пред надлежните институции во РСМ ниту пак е покрената постапка против надлежнен Јавен обвинител и надлежен судија за оценување на обвинителниот акт Х КО 5 бр 1110/11 против ТД ,,ФИНЕ’’ ДОО Струга и Ардијан Амзоски како управител на ова трговско друштво, што според ЗКП не е причина за повлекување на обвинителен акт.
Понатаму Бурим Рустеми како јавен обвинител изјавува ,, СЈО надлежноста за предметот за Космос ја добива на 14 декември 2015 година, а истрагата ја отвора на 16 април 2016 година. Затоа не е јасно зошто редовното обвинителство, дури во март 2017 година го покренува обвинението за Амзоски? Обвинителниот акт за „ТНТ“ е поднесен на 29 јуни 2017 година, а во ноември станува правосилно, иако и Катица Јанева како специјалниот јавен обвинител и Бурим Рустеми како јавен обвинител знаеле дека за објектот ,, Космос,, е позитивно оценет обвинителен акт против ТД ,,ФИНЕ’’ ДОО Струга и Ардијан Амзоски како управител на ова трговско друштво за градење на објектот ,, Космос,, спротивно на законот, .”
Со тоа што Катица Јанева како специјалниот јавен обвинител воспоставува стварна надлежност и го повлекува обвинителниот акт со помош на Бурим Рустеми како јавен обвинител против Ардијан Амзоски непосредно пред правосилност на обвинителниот акт доставен за предметот ,, ТНТ ,, очигледна е намерата за нанесување на штета и потешка повреда на правата на оштетените кои сега се обвинети во судскиот предмет ,,ТНТ,, и намерата за прибавување на значителна корист за Бојан Јовановски и Ардијан Амзовски.
При разгледување на оваа прва и втората околност Ве молам да го имате во предвид и фактот дека Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија на седница одржана на ден 14.09.2019 година има донесено едногласна одлука да ја разреши Катица Јанева од функцијата јавен обвинител на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, поради незаконито, нестручно и несовесно работење“, и тоа поради што работела незаконски, нестручно и несовесно. Земајќи во предвид фактот дека со горенаведениве факти очигледна е поврзаноста помеѓу Катица Јанева и Бурим Рустеми со лицата Бојан Јовановски и Ардијан Амзоски но и испреплетеноста на околности и личности во предметите познати во јавноста како Рекет 1 и Рекет 2 сметам дека неопходно е пред се изземање на Обвинителот Бурим Рустеми а покасно во дополнителна истрага и негово разрешување, а со цел заштитa на интересите на Р.С.Македонија и владење на правото во нашата држава.
Прилог 10- Одлука од Совет на Јавни обвинители од 14.09.2019 год.

Повлекување на Обвинителен акт без дополнителни докази и факти само во рок од 5 работни дена а од друга страна поднесување на Обвинителен акт притоа занемарувајќи го законското постапување на Тони Трајковски и Елисвета Најдовска потврдено со 36 судски Пресуди, Одлуки и Решенија
За законско постапување на Тони Трајковски, Елисавета Најдовска и другите вработени во општината потврдија сите судски институции во РСМ, односно беа донесени 36 (триест и шест) судски Пресуди, Одлуки и Решенија и тоа:

Пресуди на Управниот суд :
У-3 бр.360/2011 од 04.05.2012г
У-3 бр.361/2011 од 06.04.2012г
У-3 бр.362/2011 од 11.01.2013г
У-3 бр.363/2011 од 06.04.2012г
У-3 бр.415/2011 од 01.11.2013г
У-3 бр.152/2012 од 21.03.2014г
У-3 бр.229/2013 од 01.09.2014г
У-3 бр.212/2013 од 26.11.2015г
У-3бр.432/2011 од 26.11.2012год

Пресуди на Вишиот управен суд :
УЖ бр. 925/2012 од 22.11.2012 г.
УЖ бр. 926/2012 од 22.11.2012 г.
УЖ бр. 1079/2013 од 08.11.2013 г.
УЖ бр. 206/2013 од 25.02.2013 г.
УЖ-1 бр. 587/2014 од 03.02.2015 г.
УЖ-1 бр. 873/2016 од 17.01.2017
Пресуди на Основниот суд Скопје II- Скопје:
3ТС-157/12 од 07.06.2013 г.
I ТС- 119/132 од 15.10.2013 г.

Решенија на Основен суд Скопје II- Скопје :
ППНИ- 600/16 од 19.07.2016 г.
ППНИ- 601/16 од 19.07.2016 г.
ППНИ- 602/16 од 15.07.2016 г.
ППНИ- 603/16 од 15.07.2016 г.
ППНИ- 604/16 од 19.07.2016 г.
ППНИ- 605/16 од 19.07.2016 г.
ППНИ- 606/16 од 15.07.2016 г.
ППНИ- 607/16 од 15.07.2016 г.
ППНИ- 608/16 од 18.07.2016 г.
ППНИ- 609/16 од 19.07.2016 г.

Пресуди на Апелациониот суд Скопје :
ТСЖ-413/14 од 14.01.2015г
ТСЖ- 494/14 од 27.11.2014г.
Решенија на Апелациониот суд Скопје :
ТСЖ 1624/16 од 01.09.2016г.
ТСЖ 1626/16 од 01.09.2016г.
ТСЖ 1627/16 од 01.09.2016г.
ТСЖ 1633/16 од 01.09.2016г.
ТСЖ 1635/16 од 01.09.2016г.

Пресуда на Врховниот суд
Рев.1 бр. 87/2015 од 31.03.2016г.

Решение на Уставниот суд
У број 162/2011 од 21.12.2011г.

Прилог 11- Судски пресуди, одлуки и решенија
При разгледување на оваа околност битно е да се нагласи дека Катица Јанева како специјален јавен обвинител и Бурим Рустеми како надлежен јавен обвинител за постапување по овој предмет при поднесување на обвинителниот акт воопшто не ги зел во предвид 36 судски Пресуди, Одлуки и Решенија што покажуваат и докажуваат дека постапувањето на обвинетите Тони Трајковски, Елисавета Најдовска и другите вработени во општината било законито. Исто така ваквиот начин на постапување предизвикува силно сомневање за негова непристрасност.

IV- Јавниот обвинител Бурим Рустеми постапил спротивно на член 57 став 11 и член 288 став 2 од ЗКП
Согласно Законот за кривична постапка член 57 став 11, oштетениот во конкретнив случај тоа е Општина Гази Баба и одговорните лица кои ги одобрувале и потпишувале документите и кои ја поднеле кривичната пријава, градежниот инспектор Елисавета Најдовска и градоначалникот Тони Трајковски имаат право цитирам “да бидат известени за непреземање или за секое откажување од кривично гонење од страна на јавниот обвинител” а согласно член 288 став 2 од ЗКП цитирам “… подносителот на пријавата се известува за причините за отфрлањето”. Бидејќи до ден денеска подносителите на кривичната пријава не се известени од Јавниот обвинител Бурим Рустеми за преземените негови дејствија сметаме дека тој дирекно влијае и ги ускратува правата на подносителите на кривичната пријава согласно член 288 односно ускратено им е нивното законско право да поднесат жалба до повисокиот јавен обвинител кој пак може врз основа на таа жалба да донесе Решение и да му наложи на понискиот јавен обвинител а во оваа ситуација тоа е Јавниот обвинител Бурим Рустеми да ја продолжи постапката по кривичната пријава за Бесправно грдење
Бидејќи се работи за ист настан како и што е наведено во извештајот на СЈО од 15.03.2018г Сметаме дека со ваквото однесување на Јавниот обвинител Бурим Рустеми тој го прекршува Законот за кривична постапка и ги спречува правата на подносителите на кривичната пријава Елисавета Најдовска и Тони Трајковски односно тој се однесува незаконски и пристрасно и спротивно на ЗКП презема дејствија во насока да го спречи понатамошното можно продолжување на кривичната постапка против лицето Ардијан Амзоски и останатите учесници во изградбата на објектот Космос за кривично дело – Бесправно градење од чл.244-а од Кривичниот законик а со евентуалното продилжување на кривичната постапка за Бесправното градење тоа ќе биде основ веднаш да се запре постапката против обвинетите во кривичниот предмет ,,ТНТ,,.

Почитувани,
Исто така, во оваа прилика сакам да истакнам дека ваквото барање го поднесуваме со цел владеење на правото но и заштита на интересите на Р.С.Македонија земајќи во предвид дека оснивачот на ТДУ Фине ДОО Скопје г-дин Фијат Цановски побарува штета од државата од фрапантни 30 милиони евра како отштета од буџетот само според нас врз основа на незаконското постапување на сега осудената поранешна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот помошник а сега застапник на обвинението во овој судски предмет Бурим Рустеми.
Однапред Ви благодарам на вниманието.

Скопје 26.01.2021год Адвокат,
Јовица Страшевски