„Од него не очекуваме да признае дека ја организирал групата, бидејќи за цело време се трудел да ги сокрие трагите“, рече во завршниот збор за случајот „Таргет и Тврдина“ обвинителот Трајче Пеливанов.



„Одбраната на Мијалков се движише во насока дека нелегалното прислушување го вршела трета страна, повикувајќи се на извештај на израелска компанија. Вештото лице, пак, во целост го поби овој извештај“, рече обвинителот Пеливанов, пренесува Фокус.

Тој додаде дека сите материјални и вербални докази укажуваат дека масовното незаконско седење на комуникациите е планирано и реализирано од злосторничкото здружение кое го создал Мијалков.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.