Војо Димоски, јавен обвинител од охридското Јавно обвинителство, добил закана поради неговото „невоздржување“ на Фејсбук од шефицата на Вишото јавно обвинителство во Битола Мери Тромбева.
Димовски објавува во што се состоело неговото „невоздржување“:
„Да ви појаснам што се несоодветните написи: пред се тоа е моето инсистирање да се провери детално имотот на судиите и на обвинителите. Понатаму, тоа е моето имање став по однос на работите во правосудството, особено по однос на подјарменоста во однос на политичките елити. Па моето неприфаќање на (усмени!) сугестии за вакво или онакво постапување во конкретни предмети“, напиша Димоски на Фејсбук.
На интернет е објавена и снимка од разговорот во кој гласот, за кој Димоски вели дека е на Тромбева, го кара и му се заканува поради „написи на Фејсбук“.
Димовски е обвинител во ОЈО Охрид полни десет години. Пред тоа бил адвокат кривичар околу седум години. Веќе испратил опомена до Тромбева и најавува тужба за заканата.







