Трајче Пеливанов кој заедно со Ленче Ристовска е обвинител во случајот Таргет-Тврдина за кој се очекува пресуда во прв степен, денеска при образложението на барањето за највисоки казни за обвинетите се осврна на случајот со бегството на екс шефот на УБК Сашо Мијалков.
Со цел да се отфрли сомнежот за пристрасност и конфликт на интереси кај највисоките извршни, безбедносни, судски, обвинителни структури Пеливанов бара темелна и независна истрага.
Доколку нема независна истрага или нема епилог од неа обвинителот Пеливанов смета дека ќе има ерозија на довербата на граѓаните во правната држава.
Видео од барањето за независна истрага






