Кандудатот за старо-нов градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски обвинива дека во тек е хакерски напад на социјалните мрежи насочен против неговата кампања, откако на ФБ се појавиле „лајкови“ од Кинези и Виетнамци кои ја поддржувале неговата кампања пред вториот круг на изборите за градоначалник на оваа општина.



„Фактот што Стефан Богоев го споделува постот со кинеско-виетнамските лајкови и го препраќа по сите општински организации на СДСМ и СДММ говори дека биле подготвени за овој хакерски напад со цел да ја дискредираат моја Фејсбук кампања.

За жал нивната нечесна намера ја откривме уште во текот на емисијата и ако го следевте моето обраќање ќе видевте дека ги известувам граѓаните за нападот на кинеско ветнамски ботови.

Очигледно коректна и фер изборна кампања им преставува голема потешкотија“, напиша Јакимовски.