Обвинето лице во “Меѓународен сојуз” на Боки 13 кандидат за лидер на СДСМ

Засега најмалку двајца кандидати ќе се борат за наследник на Зоран Заев на чело на СДСМ.



Поранешната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседател на партијата, дознава Телма од висок функционер на партијата.

Ремснки е една од обвинетите во случајот со невладината организација Меѓународен сојуз на Боки 13 преку која се вршело рекет кој се уште трае.

Пред екс потпретседателката Ременски кандидатура поднесе и заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски.

СДСМ на 12-ти декември ќе бира нов лидер, откако лидерот Зоран Заев поднесе оставка од функцијата по поразот на локалните избори.

Според статутот на СДСМ за претседател може да се кандидра секој член со најмалку пет години работа во партијата и со поминат најмалку еден мандат како член на Централниот одбор со право на глас.

Рокот за поднесување кандидатури истекува во петок.

Извор