Обвинетите за убиството на Саздо се бранат со молчење

Двајцата притворени обвинети за убиството на Никола Саздовски, на 29 минатиот месец во Автокоманда, на сослушувањето пред Обвинителството се бранеле со молчење.



Насер Рауфи, адвокат на еден од обвинетите вели дека неговиот клиент се бранел со молчење не затоа што немал што да каже, туку првин сакале да ги видат доказите за овој случај. Неговата верзија е дека го виделе Саздо случајно на автобуската без никаков план за убиство. Го нападнале поради нетрпеливоста што ги имаат нивните спротивставени навивачки групи „Комити“ и „Шверцери“, дознава „Независен“.

Според вештачењето од Институтот за судска медицина, Саздовски бил нападнат без употреба на предмети, со голи раце, по што паднал во кома и по 9 дена починал.

Во петокот МВР издаде потерница по третиот напаѓач, деветнасетгодишниот Јетон Љужа, кој сè уште е во бегство

Саздовски бил член на навивачката група „Комити“, а напаѓачите членови на „Шверцери“.