Доколку побара судот да биде сведок и да каже се што знае, околу случајот „Монструм“, секако дека тоа ќе го направи зџашто тоа му е граѓанска должност, рече премиерпот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање околу снимките околу прислушкуваните материјали во врска со случајот Смилковско Езеро.
Премиерот вели дека сите разговори, не само тие од „Монструм“ и што ги поседувал, како што рече, биле предадени на СЈО.
Горан Наќевски, татко на едно од убиените момчиња неодамна изјави дека додека СДСМ биле во опозиција, Заев на родителите им рекол дека ќе им даде шест разговори, а им покажал и транскрипти во кои посочил дека функционерот на ДУИ, Невзат Бејта разговара со еден од обвинетите.
За конкретниот случај тој рече дека навистина во просториите на СДСМ им покажал разговори од кои можело да се „види“ како едно од осомничените лица, Азири, разговара со тогашниот градоначалник на Гостивар Невзат Бејта и го моли за некои 450 евра субвенции…
„Азири, воедно ѕвони и разгова со Бејта го моли за некои 450 евра субвенции, ургира за субвенции во земјоделство. Имаа овци, веројатно некои штали и тоа е разговорот, јас го покажав разговорот. Исто на родителите им покажав дури и со кои разговарале, ги видоа телефоните.
Јас не можам да бидам истражител, тоа е предадено, процесот се води, се е предадено“, изјави Заев.





