Обвинета Ременски дека помагала во измамите на Боки 13

Ново обвинение за случајот Рекет, но овој пат поврзано со невладината на Боки 13, Меѓународен сојуз. Тој е првообвинет за измама и перење пари, но обвинение за помагање во измамата е и Пратеничката Фросина Ременски, таткото на Боки 13, Миле, соработничките Јасна Мандиќ и Христина Блажевска се обвинети за помагање во новото обвинени подигнато против Меѓунарфодниот сојуз на Бојан Јовановски, јави Телма.



Во периодот од јули 2017 до април следната година, Јовановски како претседател на невладината, измамил двајца бизнисмени дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица, и субвенции од државата.

Ги убедил преку авторска агенција првиот да исплати 720 илјади евра а вториот 233 илјади евра.

Ременски со својот углед и авторитет го поддржувала на средбите со бизнисмените, му давала совети, упатства за да имаат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите, се вели во соопштението на обвинителството.