Шефот на железничката станица во Лариса останува во притвор по неговото маратонско сведочење во неделата за причините за железничката несреќа во која загинаа 57 чица а десетици други се повредени.
59-годишниот шеф на станицата кој на ова место бил поставен пред само три месеци, беше уапсен веднаш по несреќата, што се случи во вторникот.
Тој е обвинет дека погрешно го насочил патничкиот воз во кој имало околу 350 патници на погрешен колосек по што дојде до судар со товарен воз од спротивен правец.
Организацијата на Грчките железници (ОСЕ) претходно во неделата објави дека дежурниот шеф на станицата во Лариса во моментот на фаталната железничка несреќа во Темпи, неговиот надзорник и инспекторот на ОСЕ Димитрис Николау се суспендирани од работа до завршување на истрагата за причините за несреќата и условите во кои настанала, јави АНА-МПА
Компанијата, исто така, вети дека ќе направи се што е во нејзина моќ за правдата да биде задоволена, додавајќи дека екипите на ОСЕ биле на местото на несреќата од првиот момент за да помогнат во извлекувањето на патниците и да помогнат во справувањето со несреќата.







