Во соопштение објавено денеска на интернет-страницата на ОБСЕ, се наведува дека е прифатена поканата на македонската влада за следење на изборите и за таа цел е распишан конкурс за набљудувачи на изборите воп Македонија.
„По официјалната покана да се набљудуваат предвремените парламентарни избори во Северна Македонија на 5 јули, и во согласност со својот мандат, ОДИХР се подготвува да испрати Специјална мисија за проценка на изборите“, се наведува во соопштението.
Во отворениот конкурс кој завршува на 16 јули, ОДИХР бара шеф и заменик на шефот на мисијата во Северна Македонија, политички аналитичар, изборен аналитичар, аналитичар за регистрација на гласачи, правен и медиумски советник.
Мисијата ќе биде во траење од три недели, а сите кандидати треба да бидат на располагање за извршување на задачите уште од 19 јуни, јави „Дојче веле“.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ деновиве реагираа дека не прифаќаат избори без набљудувачка мисија на меѓународните претставници.
Шефот на државата Стево Пендаровски во петокот рече дека не знае дали е испратена покана до ОБСЕ/ОДИХР за следење на изборите.





