Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ја прогласи Русија за државен спонзор на тероризмот, а платеничката група „Вагнер“ за терористичка организација, пренесе „Украинска правда



Според резолуцијата на Собранието, земјите-членки на ОБСЕ мора да преземат активности, вклучително и да ги прогласат за терористичка организација.

Декларацијата, исто така, „ги повикува земјите-членки да ги зајакнат меѓународните норми кои јасно ја препознаваат терористичката природа на групата Вагнер и нејзините дејствија“ и „одговорноста на Русија како државен спонзор на оваа терористичка организација“.

Во октомври минатата година, Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) усвои резолуција со која владејачкиот режим во Русија се прогласува за терористички и го доведува во прашање присуството на Русија во Советот за безбедност на ОН.