Пратеничката Велика Стојкова Серафимовска доби одговор на пратеничко прашање до премиерот на Владата на Република Македонија кое гласи:
Според кои критериуми Владата одлучи за Национален координатор за одржлив развој на Преспанскиот регион да го именува Горјан Тозија?
Во образложението меѓу другото пишува дека Тозија е кадарен да ја врши функцијата поради тоа што има искуство со организација на погреби.
Организатор на погреби.
Дали оваа држава има дно јас стварно не знам. pic.twitter.com/p6Qcb39XRZ— 🖤Султана👑 (@denvackra12) May 28, 2021
Иако голем дел од јавноста очекуваше ОЈО и институциите на системот да дејствуваат во однос на неговото незаконско работење и утврдената злоупотреба на службената положба од страна на ДКСК за време на неговиот мандат како директор на Агенцијата за филм, Владата одлучи да го награди Тозија!






