ЕЛЕМ се заканува со тужба против порталите кои објавиле дека ќерката на Џафери и синот на Грчев се вработиле со средно и без образование во нивните обрасци за вработување.
Државната компанија ЕЛЕМ до медиумите достави демант на информацијата која ја објави порталот Лидер според која ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери и синот на членот на комисија во Министерството за Култура, Мирослав Грчев во нивните М1/М2 образци за вработување се со средно, односно без никакво образование.
Од ЕЛЕМ не испратиле М1/М2 образци кои го говорат спротивното од тоа што го напиша медиумот од каде одбиваат да се извинат без официјални и валидни информации од ЕЛЕМ.
Според ЕЛЕМ ангажираните со договор за привремено вработување, Бесијана Џафери и Димитар Грчев, имаат завршено високо образование со просек 10 и 9.7, со што ги исполнуваат потребните услови за конкретното работно место, а еден од ангажираните е и со повисок степен на образование од тој што се бара, што се гледа од дипломите приложени во овој допис.
АД ЕЛЕМ остро реагира на континуираните објави во дел од порталите во кои се навредуваат вработени во компанијата, како и самата АД ЕЛЕМ, со содржини и наводи кои се целосно невистинити, како што е и во овој случај.
Категорично бара медиумите кои го изнесоа конкретниот напис да го објават овој демант и документите во прилог, за што имаат законска обврска, и да се извинат за направената клевета и повреда на честа и угледот на вработените и на компанијата.
Според обрасците од Агенцијата за вработување и Фондот за пензиско и здравствено осигурување, Џафери и Грчев се без соодветно образование.





