Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието

Претседателот на државата денеска ќе го има третото годишно обраќање во Собранието, кое традиционално се случува пред Нова година.



Обраќањето пред пратениците е закажано за 12 часот.

Се очекува шефот на државата да зборува за актуелните случувања и за очекувањата наредната година.

Обраќањето е во период кога се очекува формирање нова Влада.

Премиерот Зоран Заев се очекува, по обраќањето на Пендаровски да ја поднесе најавената оставка во Собранието.