Најмалку 16 лица биле убиени во напад што траел 12 часа во канадската провинција Нова Шкотска.



Габриел Вортман (51) пукал кон луѓе во неколку места во таа провинција. Властите се уште не го утврдиле точен број на жртви и нивниот број може да се зголеми.

Напаѓачот носел полициска униформа и, наводно, користел автомобил кој наликува на патролен, што само по себе говори дека нападот бил планиран.

Тој не бил службеник за спроведување на законот, туку забен техничар.

Канадскиот премиер, Џастин Трудо, изрази сочувство до семејствата на загинатите и рече дека ова е страшна ситуација.

Маѓу убиените е полицајка, а има и ранети полицајци.

Ова е најтешкиот масакр во историјата на Канада . Во 1989 година во Монтреал беа убени 14 луѓе.