Видео со комбинација од изјави на шефовите на Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и претседателот Пендаровски покажува дека или шефот на државата лаже или директорот на АР кој тој го поставува го измамил за случајот Онишченко.
Пендаровски во интервју за Алсат вели дека Агенцијата за разузнавање кој ја контролира тој две и пол години не била прашана за Онишченко и за други случаи.
Но во видеото снимено пред само 50 дена шефовите на АНБ и АР на јавна дебата тврдат дека координацијата меѓу двете тајни служби не била никогаш подобра и дури се одвивала на дневна основа.
Според Пендаровски кој најави дека е можно во Франција да пратиме руски шпион за амбасадор, АР знаела за Онишченко но никој не ја прашал за него.
Зошто на дневната комуникација меѓу АР и АНБ двете тајни служби не се координирале и за рускиот играч е само едно од прашањата за кои и Пендровски, Виктор Димовски и Еролд Муслиу ќе мора да дадат одговор.
Видеото кое ја уништува позицијата на сите тројца вклучително и на владиното тело кое ја координира работата на сите тајни служби е објавено на социјалната мрежа Твитер.
Пендаровски откри дека тајна служба под негова контрола знаела за рускиот кодош Онишченко (ВИДЕО)





