Деновиве излезе од печат научно дело во кое се анализира како светите Кирил и Методиј се користат како алатка во геополитиката.
Автор на студијата е професорот Митко Б. Панов од Институтот за национална историја.
Студијата е објавена во книгата ,,Историјата како инструмент на геополитиката” чиј приредувач е Зоран Милошевиќ.
Во своето дело професорот Панов пишува за темата ,,Кој ги поседува Кирил и Методиј и словенското културно наследство”.
Тој дава приказ како историјата се користи како геополитичка алатка за решавање на ,,Македонското прашање” во 21 век на Балканот.







