Објавена вонредна состојба на Халкидики поради снежните врнежи

Поради обилните снежни врнежи е објавена вонредна состојба на целиот полуостров Халкидики, соопшти Дирекцијата за цивилна заштита грчкиот регион Централна Македонија.



Од Дирекцијата ги повикуваат жителите на населените места на полуостровот да ги ограничат патувањата и при секој инцидент или кризна состојба да ги информираат нив, полицијата и спасувачките екипи.

Сите пристапи до и од аеродромот „Македонија“ во Солун во моментов се отворени, но можат да се користат само со синџири за снег.

Снежните врнежи го запреа градскиот сообраќај во Солун, а движењето ќе биде обновено по расчистувањето на улиците.

По патиштата во Централна Македонија се фрлени над 3.500 тони сол.

Националните и регионалните патишта се проодни, но во зимски услови, при што е неопходно користење синџири при движењето по целата патна мрежа. По патиштата се ангажирани над 100 машини за чистење снег и повеќе од 200 лица од цивилната заштита.